1940
| < XIX век | XX век | XXI век > | |||||||
| 01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
| 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
| 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
| 31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
| 41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
| 51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
| 61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
| 71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
| 81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
| 91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
| Грегоријански календар | 1940 MCMXL |
| Ab urbe condita | 2693 |
| Асирски календар | 6690 |
| Бахајски календар | 96–97 |
| Бенгалски календар | 1347 |
| Берберски календар | 2890 |
| Будистички календар | 2484 |
| Бурмански календар | 1302 |
| Византиски календар | 7448–7449 |
| Еврејски календар | 5700–5701 |
| Ерменски календар | 1389 ԹՎ ՌՅՁԹ |
| Етиопски календар | 1932–1933 |
| Игбо-календар | |
| - Нри-Игбо | 940–941 |
| Ирански календар | 1318–1319 |
| Исламски календар | 1358–1359 |
| Јапонски календар | [[Период Шова|]] 15 (15年) |
| Јулијански календар | Грегоријански минус 13 дена |
| Кинески календар | 己卯年月日 (4576/4636) — до —
庚辰年月日(4577/4637) |
| Коптски календар | 1656–1657 |
| Корејски календар | 4273 |
| Календар Мингуо | Република Кина 29 民國29年 |
| Селевкидски календар | 2251–2252 |
| Тајландски сончев календар | 2483 |
| Хиндуистички календари | |
| - Викрам самват | 1996–1997 |
| - Шака самват | 1862–1863 |
| - Кали југа | 5041–5042 |
| Француски револуционерен календар | CXLVIII–CXLIX 148–149 |
| Холоценски календар | 11940 |
| Џуче-календар | 29 |
1940 (MCMXL) била престапна година според јулијанскиот календар. Тоа била 1940. година од новата ера, 940. од вториот милениум, 40. од 20 век и прва од 1940-тите.
Содржина
Други календари[уреди | уреди извор]
Годината била броена од страна на различни народи, па се среќава во бројни други календари. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7448 и 7449 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г.п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6690 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г.п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5700 и 5701 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г.п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2693.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61. година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г.п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г.п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1940. година се протега во 4576 и 4577, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4636 и 4637 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2483. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1358 и 1359 исламска година.
Настани[уреди | уреди извор]
- 5 март – Јосиф Сталин и останатите членови на Политбирото на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз потпишуваат наредба со која се стрелани од 15 до 22 илјади полски заробеници.
- 12 март – СССР и Финска потпишуваат мировен договор во Москва, со што завршува Зимската војна.
- 9 април – Германија ги напаѓа Данска и Норвешка.
- 12 април – Британија ги окупира Фарските острови за да спречи Германија прва да ги заземе.
- 10 мај – Германските сили ги напаѓаат земјите на Бенелукс.
- 10 мај – Британија извршува инвазија врз Исланд.
- 10 мај – Винстон Черчил е избран за британски премиер.
- 10 јуни – Италија им објавува војна на Франција и Британија.
- 14 јуни – Париз паѓа под германска окупација.
- 17 јуни – Советската војска влегува во Естонија и Латвија.
- 16 јули - Адолф Хитлер ја издал директивата „Морски лав“, план за инвазија врз Велика Британија.
- 7 септември – Со Договорот во Крајова, Романија и’ ја отстапува Јужна Добруџа на Бугарија.
- 7 септември – Германија започнува со бомбардирањето на Лондон.
- 8 септември – На Водно, Скопје, се одржува Покраинската конференција на КПЈ за Македонија. Методија Шаторов - Шарло е избран за секретар на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија, а Кочо Рацин е исклучен од партијата.
- 15 октомври – Прв пат е емитуван филмот на Чарли Чаплин, „Големиот диктатор“, во кој тој ги исмева Адолф Хитлер и Бенито Мусолини.
- 19 – 23 октомври – Во Загреб се одржува Петтата земска конференција на Комунистичката партија на Југославија.
- 28 октомври – Италија ја напаѓа Грција.
- 5 ноември – На американските претседателски избори победува демократот Франклин Рузвелт и станува првиот американски претседател со трет мандат.
- 20 ноември – Унгарија, Романија и Словачка пристапуваат кон Силите на Оската.
Родени[уреди | уреди извор]
- 19 февруари - Сапармурат Нијазов, туркменистански претседател
- 23 февруари - Питер Фонда, американски актер
- 7 март - Руди Дучке, германски студентски лидер
- 29 март - Аструд Жилберто, истакната бразилска пејачка на боса нова и самба, прославена со нејзината изведба песната „Девојката од Ипанема“.
- 25 април - Ал Пачино, американски актер
- 24 мај - Јосиф Бродски, руски поет
- 5 октомври – Милена Дравиќ, српска актерка
- 9 октомври - Џон Ленон, британски пејач
- 23 октомври - Пеле, бразилски фудбалер
- 27 ноември - Брус Ли, кинеско-американски актер
Починале[уреди | уреди извор]
- 10 март - Михаил Булгаков, руски писател
- 26 март - Спиридон Луис, грчки атлетичар
- 14 мај - Ема Голдман, американска анархистка
- 21 август - Лав Троцки, руски комунистички лидер и марксистички теоретичар.
- 29 октомври - Димитрија Чуповски, борец за македонска самобитност
- 9 ноември - Невил Чембрлен, британски премиер
Видете исто:
| „1940“ на Ризницата ? |