1996
| < XIX век | XX век | XXI век > | |||||||
| 01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
| 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
| 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
| 31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
| 41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
| 51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
| 61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
| 71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
| 81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
| 91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
| Грегоријански календар | 1996 MCMXCVI |
| Ab urbe condita | 2749 |
| Асирски календар | 6746 |
| Бахајски календар | 152–153 |
| Бенгалски календар | 1403 |
| Берберски календар | 2946 |
| Будистички календар | 2540 |
| Бурмански календар | 1358 |
| Византиски календар | 7504–7505 |
| Еврејски календар | 5756–5757 |
| Ерменски календар | 1445 ԹՎ ՌՆԽԵ |
| Етиопски календар | 1988–1989 |
| Игбо-календар | |
| - Нри-Игбо | 996–997 |
| Ирански календар | 1374–1375 |
| Исламски календар | 1416–1417 |
| Јапонски календар | [[Хеисеи|]] 8 (8年) |
| Јулијански календар | Грегоријански минус 13 дена |
| Кинески календар | 乙亥年月日 (4632/4692) — до —
丙子年月日(4633/4693) |
| Коптски календар | 1712–1713 |
| Корејски календар | 4329 |
| Календар Мингуо | Република Кина 85 民國85年 |
| Селевкидски календар | 2307–2308 |
| Тајландски сончев календар | 2539 |
| Хиндуистички календари | |
| - Викрам самват | 2052–2053 |
| - Шака самват | 1918–1919 |
| - Кали југа | 5097–5098 |
| Француски револуционерен календар | CCIV–CCV 204–205 |
| Холоценски календар | 11996 |
| Џуче-календар | 85 |
1996 (MCMXCVI) била престапна година според јулијанскиот календар. Тоа била 1996. година од новата ера, 996. од вториот милениум, 96. од 20 век и седма од 1990-тите.
Содржина
Други календари[уреди | уреди извор]
Годината била броена од страна на различни народи, па се среќава во бројни други календари. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7504 и 7505 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г.п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6746 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г.п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5756 и 5757 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г.п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2749.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61. година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г.п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г.п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1996. година се протега во 4632 и 4633, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4692 и 4693 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2539. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1416 и 1417 исламска година.
Настани[уреди | уреди извор]
јануари[уреди | уреди извор]
- 3 јануари -Во Скопје почна со работа канцеларијата за врски на Светската здравствена организација.
- 4 јануари - Република Македонија и Република Таџикистан воспоставија дипломатски односи.
- 10 јануари - Генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан ја посети Република Македонија.
- 10 јануари - Република Македонија и Европската унија воспоставија дипломатски односи.
- 16 јануари - Одржано е основачко собрание на партијата Македонска алијанса. Регистрирана е на 22.03.1996 година, а промовирана на 14.06.1996 година. За претседател на партијата е избран Ѓорѓија Атанасовски.
- 18 јануари - Владеачката социјалистичка партија во Грција (ПАСОК) го избра Костас Симитис за премиер на Грција. Основачот на ПАСОК, Андреас Папандреу поднесе оставка на функцијата поради нарушена здравствена состојба.
- 25 јануари - Парламентарното Собрание на Советот на Европа одлучи да ја прими Русија наспроти острите критики поради воената интервенција во Чеченија.
- 25 јануари - Република Македонија и Белизе воспоставија дипломатски односи.
- 26 јануари - Американскиот Сенат го одобри Договорот Старт-2 за намалување на бројот на американските и руските нуклеарни ракети.
- 30 јануари - Како прилог на весникот „Вечер“ излезе првиот број на весникот „Занаетчија“, гласило на Здружението на занаетчиски и други самостојни стопанственици на град Скопје - Стопанска комора на Македонија.
февруари[уреди | уреди извор]
март[уреди | уреди извор]
април[уреди | уреди извор]
- 8 април - Република Македонија и Сојузна Република Југославија воспоставија дипломатски односи.
мај[уреди | уреди извор]
јуни[уреди | уреди извор]
јули[уреди | уреди извор]
август[уреди | уреди извор]
септември[уреди | уреди извор]
октомври[уреди | уреди извор]
ноември[уреди | уреди извор]
- ноември - Macromedia создаде векторски базирана програма за анимација наречена Flash
декември[уреди | уреди извор]
Родени[уреди | уреди извор]
Починале[уреди | уреди извор]
- 8 јануари - Франсоа Митеран, француски претседател
- 28 јануари - Јосиф Бродски, руски поет
- 4 март - г.г. Гаврил, архиепископ на Македонската Православна Црква
- 21 април - Џохар Дудаев, чеченски претседател
- 15 јуни - Ела Фицџералд, американска пејачка
- 23 јуни - Андреас Папандреу, грчки премиер
- 13 септември - Тупак Шакур, американски рапер
- 19 декември - Марчело Мастројани, италијански актер
- 20 декември - Карл Саган, американски астроном
Видете исто:
| „1996“ на Ризницата ? |