1977
| < XIX век | XX век | XXI век > | |||||||
| 01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
| 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
| 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
| 31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
| 41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
| 51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
| 61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
| 71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
| 81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
| 91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
| Грегоријански календар | 1977 MCMLXXVII |
| Ab urbe condita | 2730 |
| Асирски календар | 6727 |
| Бахајски календар | 133–134 |
| Бенгалски календар | 1384 |
| Берберски календар | 2927 |
| Будистички календар | 2521 |
| Бурмански календар | 1339 |
| Византиски календар | 7485–7486 |
| Еврејски календар | 5737–5738 |
| Ерменски календар | 1426 ԹՎ ՌՆԻԶ |
| Етиопски календар | 1969–1970 |
| Игбо-календар | |
| - Нри-Игбо | 977–978 |
| Ирански календар | 1355–1356 |
| Исламски календар | 1397–1398 |
| Јапонски календар | [[Период Шова|]] 52 (52年) |
| Јулијански календар | Грегоријански минус 13 дена |
| Кинески календар | 丙辰年月日 (4613/4673) — до —
丁巳年月日(4614/4674) |
| Коптски календар | 1693–1694 |
| Корејски календар | 4310 |
| Календар Мингуо | Република Кина 66 民國66年 |
| Селевкидски календар | 2288–2289 |
| Тајландски сончев календар | 2520 |
| Хиндуистички календари | |
| - Викрам самват | 2033–2034 |
| - Шака самват | 1899–1900 |
| - Кали југа | 5078–5079 |
| Француски револуционерен календар | CLXXXV–CLXXXVI 185–186 |
| Холоценски календар | 11977 |
| Џуче-календар | 66 |
1977 (MCMLXXVII) била година според јулијанскиот календар. Тоа била 1977. година од новата ера, 977. од вториот милениум, 77. од 20 век и осма од 1970-тите.
Содржина
Други календари[уреди | уреди извор]
Годината била броена од страна на различни народи, па се среќава во бројни други календари. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7485 и 7486 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г.п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6727 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г.п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5737 и 5738 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г.п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2730.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61. година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г.п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г.п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1977. година се протега во 4613 и 4614, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4673 и 4674 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2520. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1397 и 1398 исламска година.
Настани[уреди | уреди извор]
- Amnesty International добива Нобелова награда за мир.
- 20 јануари - Џими Картер станува претседател на САД.
- 25 мај - Излегува Војна на ѕвездите, првиот филм од серијата филмови со ист наслов на Џорџ Лукас.
- 5 јули - Премиерот на Пакистан, Зулфикар Али Буто е тргнат од власта со воен пуч.
- 12 август - Спејс шатл на НАСА го прави првиот пробен тест на полетување од задниот дел на млазен авион.
- 20 август - Војаџер 2 полетува во вселената.
- 5 септември - Војаџер 1 е лансиран по кратка пауза.
- 5 септември - Ханс-Мартин Шлајер, претседател на германското здружение на работодаватели е киндапиран во Келн, Западна Германија. Киднаперите ги убиваат трите пратечки полицајци и неговиот шофер. Тие бараат ослободување на припадниците на RAF (Фракција на Црвената Армија).
- 13 октомври - Четири Палестинци киндапираат авион на Луфтханза, барајќи ослободување на 11 припадници на RAF.
- 18 октомври - Членовите на RAF, Андреас Бадер, Жан-Карл Расп и Гудрун Енслин извршуваат самоубиство во затворот Штамхајн. Имгард Мелер не успева во тоа. Нивните поддржувачи и денес сметаат дека тие се убиени.
- 19 октомври - Ханс-Мартин Шлајер е убиен од страна на RAF.
- 19 ноември - Египетскиот претседател, Анвар Садат станува првиот арапски лидер што официјално ќе го посети Израел, сретнувајќи се со израелскиот министер за надворешни работи Менахем Бегин. Тој одржува говор пред Кнесетот во Ерусалим, барајќи траен мир со Израел.
- 4 декември - Жан-Бедел Бокаса, претседател на Централноафриканската Република, се прогласува за цар.
Родени[уреди | уреди извор]
- 13 јануари - Орландо Блум, британски актер
Починале[уреди | уреди извор]
- 16 јуни - Вернер фон Браун, американски инженер со германско потекло
- 2 јули - Владимир Набоков, руски писател и шаховски теоретичар
- 16 август - Елвис Присли, американски пејач
- 16 септември - Марија Калас, американска оперска пејачка со грчко потекло
- 25 декември - Чарли Чаплин, британски комичар и режисер
Видете исто:
| „1977“ на Ризницата ? |