Предлозите ќе се појават откако ќе внесете текст во полето за пребарување. За прегледување, користете ги стрелките нагоре и надолу. Притиснете на „Enter“ за да изберете. Ако изберете израз кој содржи повеќе збора, тој израз ќе биде поднесен за пребарување. Ако предлогот е линк, во прелистувачот ќе се отвори таа страница.
Упатства
Домаќин

Брави за спална соба и бања за вашето сместување (соба)

Гостите очекуваат дека ќе имаат можност да ја заклучат својата спална соба или која било бања до којашто имаат пристап. Затоа им препорачуваме на домаќините да додадат брави на сите спални соби и бањи што гостите може да ги користат.

Спалните соби треба да можат да се заклучуваат однатре и однадвор

Гостите треба да можат да ја заклучат вратата од спалната соба одвнатре (за нивна приватност) и однадвор (за безбедност на нивните работи). Се препорачува брава со клуч, во комбинација со внатрешно резе.

Обезбедете приватност со брави за бања

За бањите до кои гостите можат да пристапат, гостите треба да можат да ја заклучат или да го стават резето на вратата од бањата за приватност.

Ажурирање на информациите за приватноста за вашиот оглас за „Соба“

Може да додадете информации за приватноста за која било соба или простор.

Ажурирајте ги информациите за приватноста на огласот преку десктоп

  1. Кликнете на „Огласи“ и изберете го огласот што сакате да го уредите.
  2. Во алатката за уредување на оглас, кликнете на „Вашиот простор“.
  3. Кликнете на „Фото-обиколка“, а потоа кликнете на собата што сакате да ја уредите.
  4. Кликнете на „Информации за приватноста“ и направете го вашиот избор.
  5. Кликнете на „Зачувај“, а потоа кликнете на „Готово“.

Уникатни клучеви и дигитални брави за безбедност

Без оглед на тоа каков вид на брава или резе ќе изберете, земете го предвид ова:

  • Ако има повеќе „Соби“ во едно сместување за коишто се користат дигитални брави, секој код треба да биде уникатен. А ако има повеќе „Соби“ со надворешни брави кои се отвораат со клуч, бравата и клучевите треба да бидат уникатни.
  • Ако користите дигитална тастатура, кодот не треба да се објавува во сместувањето каде што другите можат да го најдат. Слично на тоа, ако има дупликат клучеви за одредена „Соба“, тие треба да се чуваат на безбедна локација и клучевите не треба да се оставаат во заеднички простор или каде што неовластени лица може да ги најдат.

Пред да поставите брави, не заборавајте да ги проверите локалните прописи и сите други ограничувања што може да важат за поставување брави во вашиот простор, како што се барањата за видовите брави што може да ги додадете или одобрувањата што можеби ви се потребни.

Дали оваа статија ви помогна?

Поврзани статии

Добијте помош околу резервациите, сметката и друго.
Најавете се или регистрирајте се