МПЦ испраќа докази за својата 45 годишна живост

soborna

Поврзани вести

За прв пат од возбновувањето на Охридската Архиепископија во лицето на МПЦ-ОА, ќе бидат канонизирани светци. Во јубилејната 45 годишнина од прогласувањето на Автокефалноста, Синодот на МПЦ ќе добие и нови владици.

Македонската православна Црква – Охридска Архиепископија, на 17 јули оваа година ќе одбележи 45 години од прогласувањето на автокефалниот статус. Четири и пол децении, МПЦ опстојува како самостојна црква, но без признаен автокефален статус. На свеченоста нама да има претставници на останатите помесни сестрински православни цркви, но и покрај тоа Македонските Архиереи одлучиле овој јубилеј да биде достоинствено одбележан, на тој начин што ќе испратат уште една порака до православниот свет, дека МПЦ-ОА е жива и функционална црква, која е духовен водач на македонските православни верници.

За прв пат во поновата историја на возобновената Охридска Архиепископија во лицето на МПЦ, Синодот ќе канонизира светци. Заедно со изборот на уште неколку владици, практично овие два настани ќе бидат централни во годината кога МПЦ ќе одбележи јубилеј 45 години од прогласување на својата автокефалност. Првото прогласување на светци ќе се случи на Илинден, кога во Манастирот Пресвета Богородица-Кичевска, Синодот на МПЦ ќе ги канонизира тројцата монаси, кои во 1558, биле убиени од турските власти, бранејќи ја христијанската вера. Станува збор за тројца монаси преподобници, Евнуфиј, Пајсиј и Аверикиј, кои биле маченички убиени по опсадата на манастирот. Според преданието за настанот, запишано и чувано во една книга во архивите на Манастирот, нападот од турските војници бил извршен за време на богослужбата.

-Монахот Аверикиј забележал дека војската ќе нападне и веднаш им кажал на останатите дека безбожниците напаѓаат и дека оној што е подготвен да пострада за верата, нека остане со него. На крајот, со него останале уште монасите Пајсиј и Евнувиј, кои подоцна биле маченички погубени, а манастирот изгорен, стои во преданието.

За чинот на нивната канонизација Химнографот на Вселенската патријаршија напишал богосложба. Овој е прв пат химнограф на друга црква да напише богослужба за МПЦ, чиј статус се уште е непризнаен во православниот свет. Токму од тие причини овој потег на Вселенската патријаршија, во МПЦ го оценуваат како исклучително значаен.

– Ова е еден исклучително добар гест од страна на Цариградската патријаршија и ние сме многу благодарни за тоа. Делото изворно е напишано на старогрчки јазик, а ние сме го превеле на народен македонски јазик. Првпат ќе се изведе на вечерната богослужба која ќе се одржи по нивното канонизирање за преподобници, вели Архимандритот Партеније, кој всушност е и иницијатор за овој чин.
МН: ЈАОАНИКИJ И ГАВРИЛ ЌЕ ЧЕКААТ ДОКАЗИ ЗА СВЕТОСТА
Само два месеца подоцна, ќе следува ново прогласување на светци. 40-те битолски маченици што биле убиени од турскиот аскер, ќе бидат канонизирани на 28 октомври.

Засега Синодот на МПЦ се уште не одлучил, дали и кога ќе ги канонизира, Гаврил Лесновски и Јоаникиj Ракотински, чие тело неколку децении не беше распаднато. МПЦ за нивната светост, се уште прибира докази. Црковната комисија за канонизација се уште ги прибира доказите. Светогорецот Гаврил, според преданијата бил монах со исклучитална посветеност на испосничкиот живот. Од страна на  локалното население од Лесново тој уште додека бил жив, бил третиран како света личност. Претседателот на црковната комисија за канонизација, Митрополитот Петар, вели дека нема временски период во кој треба да биде потврдена светоста, за и официјално да се почне процедурата за канонизаицја.

-Се преиспитуваат доказите за Јоаникиј Ракотински и за Гаврил Светогорец од Лесново. Засега одлучивме за две канонизирања во Кичевсиот манастир и за битолските маченици. Со тоа, тие ќе добијат ден на празнување, им се одредуваат икона и литургија, вели владиката Петар.

Македонската православна црква, заедно со Романската Православна Црква можеби се единствените кои во поновата историја немаат прогласено светци. Црковните аналитичари велат дека при прогласувањето на светињи од страна на МПЦ, треба да се има предвид и веројатноста, останатите помесни православни цркви да одлучат да не го признаваат тој чин и имињата на светците да не го запишат во диптихот, поради нерешениот статус на МПЦ-ОА. Македонските Архиереи пак, велат дека токму од тие причини тие се одлучиле за канонизација на личности кои биле дел од животот на Охридската Архиепископија пред нејзиното укинување.

-Ние не очекуваме дека останатите православни цркви ќе направат проблем за прогласувањето на тројцата преподобници бидејќи тие пострадале во периодот кога дејствувала автокефална Охридска архиепископија, што значи дека не може да се оспорува од некои други, сегашни, причини – вели отец Партениј.
МН: МЛАДИТЕ ВЛАДИЦИ НА ТЕСТ КАКО ВИКАРНИ ЕПИСКОПИ

Иако се најавуваше дека на 17 јули, кога се одбележува денот на македонската автокефалност, може да се случи избор на нови двајца владици, сепак, најверојатно тој чин ќе биде пролонгиран за наесен. Претходно синодот на МПЦ ќе треба да одлучи дали со изборот на владиците ним ќе им следуваат и епархии на управување, или пак ќе останат еден период само како викарни епископи.

Постарите Архиереи сметале дека искуството покажало, оти младоста не била гаранција за успех.
Во игра за нови Владици се имињата на игуменот Јосиф од манатирот во Калишта и на Јеромонахот, Јосиф од Бигорскиот манастир. Јосиф од Калишта, според црковни извори како адут на Поглаварот, г.г Стефан, треба да биде поставен за викарен на Скопската епархија, а Јосиф од Бигорски, најверојатно како викар на Полошко-Кумановската епархија, доколку за такво нешто се согласи, актуелниот надележен Митрополит, г.Кирил кој е единствен жив потписник на одлуката за прогласување на Автокефалноста од 1967.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top