Прескокни на содржина
ВИ ПРЕТСТАВУВАМЕ

Airbnb авантури

Организирани патувања до извонредни места – сѐ што треба да направите е да присуствувате.

Нов начин за патување на Airbnb

Оставете ги туристичките патеки и одете подлабоко со диви и уникатни авантури низ целиот свет. Патувањата во мали групи кои траат од 2 до 10 дена имаат почетна цена од 99 американски долари, во која се вклучени сместувањето, оброците и активностите. Домаќините се локални експерти кои ќе се погрижат за сите детали, сè што вие треба да направите е да се појавите.

Планирањето патување би требало да биде лесно

Експертски уредени планови
Изберете од стотици патувања во мали групи осмислени од стручни домаќини со широки локални познавања и вештини за на отворено.
Сместувањето и оброците се вклучени
Покрај тоа што ги планираат активностите, домаќините на авантури овозможуваат и престој и оброци. Сѐ што треба да направите е да резервирате и да одите.
Логистиката е средена
Не трошете време да истражувате различни продавници и престанете да си ја чукате главата за што да понесете. Домаќините ќе направат листа со опрема што ќе ви биде потребна и ќе ви обезбедат локален превоз.

Дизајнирано за сите нивоа

Авантурите треба да им бидат достапни на сите. Не мора да бидете зависник од адреналинските BASE-скокања или бестрашен љубител на кампување во дивина. Сè што ви треба е вистинскиот водич.

Затоа Airbnb авантурите се организирани од експерти кои се добро поврзани со луѓето од нивните локални заедници. Тие организираат внимателни патувања прилагодени за секого, од нервозни почетници до искусни планинари, а нудат и многу широк спектар на цени, теми и локации. Плус, сè е испланирано однапред. Само треба да резервирате и да се појавите.

Патувања што одговараат на вашите интереси

Без разлика дали сте љубител на храната или планинар, љубител на животни или обожавател на археологијата, постои авантура на која ќе ја истражите својата страст.

Авантури во ваша близина

Авантури во ваша близина

Авантурата ги повика, а тие одговорија

Шестмина странци од целиот свет заминаа на авантура во непозната дестинација. Гледајте го видеото подолу за да го следите нивното епско патување.

Пацифика, САД

Рик

„Се видов себеси каков што бев во младоста. И сѐ уште го носам тоа во срцето.“
Колумбус, САД

Патрис

„Отидовме до дините и ги гледавме ѕвездите. Одлучив дека сакам да се ставам себеси на прво место.“
Ел Ехидо, Шпанија

Дејвид

“It’s been a really rough year. This trip was the spark I needed to start a new beginning.”
Бангкок, Тајланд

Меги

„Се поврзавме споделувајќи ги нашите стравови. Веќе не сме странци. Семејство сме.“
Лондон, Англија

Мајкл

„Би можеле да бидете на најубавото место, но ако не сте со некој кој го оживува, тогаш тоа е само место.“
Филаделфија, САД

Али

„Кога започнав, сакав да ги знам деталите. Потоа одлучив дека не сакам да знам што следува.“
Пацифика, САД

Рик

„Се видов себеси каков што бев во младоста. И сѐ уште го носам тоа во срцето.“
Колумбус, САД

Патрис

„Отидовме до дините и ги гледавме ѕвездите. Одлучив дека сакам да се ставам себеси на прво место.“
Ел Ехидо, Шпанија

Дејвид

“It’s been a really rough year. This trip was the spark I needed to start a new beginning.”
Бангкок, Тајланд

Меги

„Се поврзавме споделувајќи ги нашите стравови. Веќе не сме странци. Семејство сме.“
Лондон, Англија

Мајкл

„Би можеле да бидете на најубавото место, но ако не сте со некој кој го оживува, тогаш тоа е само место.“
Филаделфија, САД

Али

„Кога започнав, сакав да ги знам деталите. Потоа одлучив дека не сакам да знам што следува.“
A I R B N B + G O P R O

Сликајте сè

Резервирајте авантура и добијте попуст од 200 американски долари за комплетот GoPro HERO7 Black Adventure.