Како да откажам резервација за сместување?
Белешка: ако треба да ја откажете резервацијата поради корона вирусот (COVID-19), разгледајте ја нашата статија за опциите за откажување.
Како да откажете
Може да откажете резервација во секое време пред или во текот на патувањето. За да откажете резервација:
- Одете на „Патувања“ и најдете го патувањето што сакате да го откажете
- Кликнете на „Прикажи детали за патувањето“
- Кликнете на „Промени или откажи“
Ќе отидете на нова страница каде што може да изберете да ја промените или откажете резервацијата. Ако изберете „Откажи“, ќе ве водиме низ процесот на откажување за да дознаете какви опции имате, вклучувајќи и колку пари ќе ви бидат вратени и да го прегледате откажувањето пред да го поднесете.
Како функционира
Ако откажете, враќањето на парите се утврдува според правилата за откажување на домаќинот. Ќе ви ја покажеме анализата на износот за враќање пред да го потврдите откажувањето. Airbnb ги враќа сите надоместоци за услугата во форма на ваучер.
Ако не е овозможено целосно враќање на парите со правилата за откажување во моментот кога ќе откажете, ќе може да го замолите домаќинот за целосно враќање на парите пред да го завршите откажувањето.